До 2018 година 80% од населението во Македонија да биде покриено со широкопојасен интернет со брзина од 100 мегабити во секунда. Притоа, бројот на домаќинства кои користат интернет да достигне 90%, најмалку 33% од малите и средни претпријатија да ги продаваат своите производи он-лајн, да се намалат роаминг трошоците, како и да се зголеми бројот на е-услуги. Оваа цел е таргетирана од македонската Влада и неа во Женева на Светскиот самит за информатичко општество, ја образложи министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Ивановски во своето обраќање се осврна на повеќе аспекти од развојот на информатичкото општество во земјава кој во последните неколку години добива силен интензитет во повеќе општествени области.
До 2018 година 80% од населението во Македонија да биде покриено со широкопојасен интернет со брзина од 100 мегабити во секунда.
Притоа, бројот на домаќинства кои користат интернет да достигне 90%, најмалку 33% од малите и средни претпријатија да ги продаваат своите производи он-лајн, да се намалат роаминг трошоците, како и да се зголеми бројот на е-услуги. Оваа цел е таргетирана од македонската Влада и неа во Женева на Светскиот самит за информатичко општество, ја образложи министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Ивановски во своето обраќање се осврна на повеќе аспекти од развојот на информатичкото општество во земјава кој во последните неколку години добива силен интензитет во повеќе општествени области.
- Во моментот повеќе од 25.000 луѓе годишно во Скопје ги користат предностите на едношалтерскиот систем и тие не мора да одат од еден шалтер на друг, од една до друга канцеларија. Ние сме во процес на надградба на овие услуги, со што повеќето од нив ќе може да се направат он-лајн со користење на електронски потпис. Исто така, Македонија успешно го спроведе вториот акционен план за Отворено Владино партнерство, со кој владата ќе им овозможи на граѓаните бесплатно користење на податоците кои се од нивни интерес. Приватниот сектор користејќи ги тие податоци може да креира апликации или услуги - рече Ивановски.
Тој истакна и дека Македонија во текот на 2013 година, успешно го спроведе и процесот на дигитализација, односно преминот од аналогна во дигитална телевизија.